UNDER CONSTRUCTION

За нас


Нашата компанија е основана во 1991 година со седиште во Скопје. Главната делатност на компанијата е производството на опрема и резервни делови за тешката индустрија, трговија, комплетни решенија за машинската индустрија како и професионална експертиза по барање на нашите клиенти за нови солуции или откривање и санирање на дадени проблеми кои што можат да се појават во нивното производство. За квалитетот кој го имаме во нашата производна палета, и комплетните решенија кои ги нудиме на нашите клиенти, потпомогнати сме и од нашите долгогодишни партнерски фирми и застапништва за глобално реномирани компании со кои сме сигурни во тоа дека секогаш квалитетот и брзината на испораката на самите производи ќе биде според највисоки светски стандарди како и дека барањата на нашите клиенти ќе бидат во целост задоволени. За тоа говори нашето долгогодишно присуство во целовкупната тешка индустрија на балканскиот регион, заедно со долгата референтна листа на задоволни клиенти која ја имаме од тој сектор.

Мисија

Ние како компанија која што делува во тешката индустрија секогаш главниот акцент на нашето работење го ставаме на високите стандарди кои што ги имаме за квалитетот на нашите производи, задоволувањето на барањата и новите предизвици кои секојдневно ги добиваме од нашите клиенти, што значи наоѓање на прецизни и експедитивни решенија со кои нивните потреби ќе бидат во целост задоволени, сето тоа поткрепено со компетитивни цени.

Визија

Во иднина нашата компанија се гледа како една од водечките компании од овој сектор кои што функционираат на Балканот, како и проширување на нашето делување на пазарите во Европските држави. Сето тоа овозможено од константни и долгорочни инвестиции во нови технологии, подобрувања и производствени капацитети.

Партнер

Termovent SC Livnica čelika A.D.

Компанијата Термовент СЦ Ливница челика АД, датира од 1963 година и е една од постарите ливници на балканските простори. Главната делатност на оваа компанија е производство на одлеаноци од челик. Како партнери и генерални застапници, компанијата ПОРД машинопроект потпомогнати со повеќедецениското искуство на Термовент СЦ Ливница Челика, повеќе од 20 години ги опслужува клиентите од: цементната, рударската, обоената, црната, цигларската и останатите индустрии каде што наоѓаат примена нашите производи. Каде што со нашата долгогодишна соработка успеавме да пласираме и изведеме проекти за реномирани компании од наведените индустрии, во Македонија, Албанија и Косово.

Застапништво


ПОРД Машинопроект – Скопје е официјален застапник за следниве компании:

Kettenfabrik Unna GmbH

Реномирана светска фирма за производство на сите типови на индустриски ланци и делови за транспортери, како и делови за подигање, за пазарот во Македонија, Србија, Албанија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

HEUER HEBETECHNIK GMBH

Германска фирма за производство на сите типови на индустриски куки, за пазарот во Македонија, Србија, Бугарија, Албанија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Во својата палета содржи секакви типови на куки, во стандардни димензии од лагер, како голи куки, куки опремени со осигурувачи и обработени според Ваша документација.

RHI AG

Со бројка од 8,000 вработени, 33 производни капацитети и повеќе од 70 продажни канцеларии, RHI услужува преку 10,000 клиенти од челичната, цементната, обоената индустрија, индустријата за стакло, енергија и хемиската индустрија во скоро сите земји во светот. RHI произведува повеќе од 1,7 милиони тони на огноотпорни материјали годишно и испорачува производи по нарачка и системски решенија. Од 2004 година нашата компанија е под-агент за производите и услугите на RHI AG за следниве држави: Македонија, Албанија и Косово.

Нашата производна палета


Намената на нашата производна палета е за корисниците од:

- Црна и обоена металургија
- Цементна индустрија
- Рударска индустрија
- Цигларска индустрија
- Одржување на патишта
 

Одлеаноци

Во нашата производна палета спаѓаат сите видови на челични ливови, сиви ливови и одлеаноци од обоени метали во најразлични големини, облици, хемиски состави, механички својства и намени. Одлеаноците се работат во поединечно полусериско и сериско производство, со голем распон на габарити и тежини. Имаме голем број на наши модели, со кои ја покриваме градежната индустрија, цементната индустрија (разни видови на плочи,запчаници), цигларска индустрија, произведуваме делови за термоелектрани, за машиноградба и разни видови на тела за индустриски арматури.

Лиеме различни видови на одлеаноци во зависност од структурата на челикот почнувајќи од: Челични ливови за општа употреба, Челични ливови за подобрување, Челични ливови за цементација, Челични ливови отпорни на абење, Високо легирани челични ливови. Одлеаноци од Сив лив со капацитет до 6 тона со квалитети од СЛ 10 до СЛ 40. Лиење на обоени метали во песок и центрифугално лиење. Со секој изработен дел издаваме А-тест за хемиски и механички карактеристики. Деловите ги испорачуваме како полупроизвод (одлеанок) и исто така како готов обработен производ.

Каталози

 
Производен програм (преземи)

Готови машински делови

Челични ливови како готови производи

 

Резервни делови изработени од челични ливови со финална машинска обработка и термички третмани по барање на клиентот


Изработка на резервни делови од нелегирани и полу легирани сиви ливови во квалитети од СЛ 10 – СЛ 40
Изработка на резервни делови од валани и ковани материјали – осовини, вратила, назабени вратила, запчаници, валци, редуктори, итн.
Изработка на склопови и потсклопови наменети во машинството по документација на купецот како и по сопствена документација за опрема која е личен наш производ. Конструирање, производство и ремонти на сите видови на кранови со носивост до 300 тони, како и ремонт на крански стази.
Инжинеринг и производство на заварени конструкции.
Проектирање и изработка на склопови и резервни делови за најразлични транспортери, транспортни траки, елеватори и вагони.
 

Ланци

Нашата компанија е долгогодишен официјален застапник на реномираната светска фирма за производство на сите типови на индустриски ланци и делови за транспортери, како и делови за подигање, Unna Kettenfabrik – Germanija, за пазарот во Македонија, Србија, Албанија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Со големиот дијапазон на производи и докажаниот квалитет, фирмата Unna Kettenfabrik е присутна на сите големи пазари во Европа и светот.

Каталози

 
Round steel chains (преземи)
Chain wheels (преземи)
Stainless steel chains (преземи)
Chains and Accessories grade 80 (преземи)
Chains and Accessories Grade 100 (преземи)
Components for Chain Elevators (преземи)
Chain wheels in segmental design (преземи)
KU-Chain strands and accessories for elevators and scraper conveyors (преземи)
Rotary Kiln Chains (преземи)
Tyre-Protection Chains (преземи)
Steel link chains (преземи)
Entire catalogue "Chains" (преземи)

Куки

Нашата компанија е официјален застапник на Германската фирма за производство на сите типови на индустриски куки Heuer Hebetechnik – Germanija, за пазарот во Македонија, Србија, Бугарија, Албанија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Компанијата Heuer Hebetechnik во својата палета содржи секакви типови на куки, во стандардни димензии од лагер, како голи куки, куки опремени со осигурувачи и обработени според Ваша документација. Прилагодени според ДИН, британски или американски стандарди и според Ваша документација произведени и обработени во краток рок.

Каталози

 
Hooks (преземи)

Огноотпорни материјали

Нашата компанија е агент на најголемата светска фирма за производство на огноотпорни материјали RHI – Vienna, Austria, за пазарот во Македонија, Албанија и Косово. RHI е глобален производител на високо класни огноотпорни материјали, системи и услуги, кои се неопходни за индустрии со високи температури кои надминуваат 1,200 °C. Со околу 8,000 вработени, 33 производни капацитети и повеќе од 70 продажни канцеларии, RHI услужува преку 10,000 клиенти од челичната, цементната, обоената индустрија, индустрија за стакло, енергија и хемиската индустрија во скоро сите земји во светот. RHI произведува повеќе од 1,7 милиони тони на огноотпорни материјали годишно и испорачува производи по нарачка и системски решенија. Огноотпорните линии произведени од RHI овозможуваат голем обем од агрегатите, вклучувајќи ги ливачките казани, печките за цемент, конверторите за бакар и печките за стакло да издржуваат екстремни термички, механички и хемиски стресови.

Каталози

 

Референтна листа


Пласманот на нашите производи е застапен во некои од најголемите фабрики во државата и соседните држави почнувајќи од цементната индустрија, металната индустрија, цигларската, рударската и др.

Контакт


Официјален


  • ул. Стрезова бр. 4/2
  • 1000, Скопје
  • тел: +389 2 3124 012
    тел: +389 2 3113 556
    Факс:+389 2 30 67 679
  • info[at]pordmasinoproekt.com.mk




 

Продажба


  • nenad[at]pordmasinoproekt.com.mk
  • ilievski[at]pordmasinoproekt.com.mk
  • dimitrovski[at]pordmasinoproekt.com.mk

Прикажи Мапа